На помалку од две недели пред почетокот на новата учебна година, обезбедувањето на компјутерска опрема за наставниците кои ќе одржуваат „онлајн“ настава е неизвесно. Друг проблем е и недостигот на компјутери и таблети за учениците.
Вчера, министерката за образование Мила Царовска излезе со констатација дека околу 40 илјади ученици од основните и средните училишта немаат објективни можности да следат „онлајн“ настава. На овие ученици ќе им бидат испраќани принтирани материјали дома .
Од Министерството за образование и наука пак тврдат дека и 40.000 деца кои што немаат уреди за следење на онлајн настава ќе добијат можности за учење како и останатите деца. Тие ќе можат или физички да присуствуваат во училиштата или пак училиштето да им доставува печатени материјали, а за да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали.
Инаку според здравствените власти веќе се разгледува и можноста за почнување и со целодневна настава во училиштата, но конечната одлука ќе биде донесена в понеделник.