СТАТИСТИКА: За две години во терористички напади во Европа загинаа 461 лица, 4 напади само во Турција


Во период од две години во Турција се извршени 4 терористички напади, вклучувајќи го и вчерашниот кој се случи на најпрометниот аеродром во Истанбул.

Досегашниот биланс на жртви е 41 загинат и околу 239 ранети, но бројките сеуште не се финални.

Првиот терористички напад во срцето на Турција се случи на 10 октомври 2015 година, кога загинаа околу 100 лица а 245 беа повредени.ekspolozija-turcija-aja-sof

Вториот следеше на 17 февруари 2016 година исто така во Анкара кога животот го загубија 30 а беа повредни 60 лица во бомбашки напад.

Следниот месец, на 13 март исто така во бомбашки напад со автомобил-бомба животот го загубија 37 а 125 беа повредени од 19 со тешки телесни повреди и во критична состојба. За повторно следната недела на 19 март да се случи уште еден терористички напад овој пат во Истанбул кога животот го загубија 4 лица а 36 беа тешко повредени.

Досегашниот вкупен биланс од терористичките напади кои изминативе 2 години се случија во Турција е 210 жртви и околу беа 800 повредени.turcija eksplozija

Во последната година дена се случија 10 напади, но не беа окарактеризирани како терористички.

Во периодот ноември-март 2016 беа извршени серија терористички напади во Европа: на 13 ноември 2015 година беа извршени координирани терористички напади во Париз, каде што животот го изгубија 219 лица, а 368 беа сериозно повредени.pariz-terorizam-terorista-salah-abdeslam-foto-reuters-1453130605-826527-724x400

Утрото на 22 март 2016 година беа извршени 3 координирани терористички напади во Белгија, два на аеродромот во Брисел и еден во метро, каде што животот го изгубија 32 лица.

Во САД за две години беа извршени два терористички напади и тоа: На 12 јуни во геј клуб во Орландо, каде што имаше 49 мртви и минатата 2015 година на 2 декември во Сан Бернандино каде што животот го загубија 14 лица коа беа убиени со огнено оружје.

Вкупниот биланс на жртви кои животот го изгубија во терористички напади во Европа е 461 лице а во САД 63 лица, или севкупно 534 човечки жртви на терористички напади за само 2 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1