Стевче Јакимовски среде ,,порно,, афера


Кандидатот за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски кој и досега беше градоначалник на Карпош, како што објавува порталот скандал.ком.мк ни крив ни должен пред 3 години се нашол среде да речеме еден вид ,,порно,, афера – но не носете веднаш погрешни заклучоци – Стевчо всушност излегол вистински џентлмен во оваа приказна. Еве за што се работи.

STEVCE 2Низ новинарските кругови се прераскажува случка во која е инволвирана една новинарка. Имено Јакимовски пред 3 години бил во официјална посета во Сараево, каде бил придружуван од група наши новинари и новинарки. Едната од нив, во хотелот уживала и ,,екстра услуги,,. Се нашла сама во соба и мислејќи дека никој нема да ја дознае, на телевизорот си пуштила порно канали.

Кога следниот ден на рецепција и било побарано да плати дополнителна сума,  новинарката се „саштисала“. Од каде сега ова, кога не отворала фрижидер?! Објаснување добила од рецепцијата и тоа пред сите дека таа всушност цела вечер се насладувала на порно канали, за чие што гледање се плаќало дебело.

Висината на сумата од околу 50 евра. Кога видел што е проблемот, Јакимовски за да ја смири ситуацијата ,,брцнал,, во џебот и самиот ја платил сметката за порничите на новинарката. Колегите велат дека Јакимовски бил вистински џентлмен во оваа ситуација и без збор платил и не прозборел потоа за инцидентот со што ја спасил од срам и брука новинарката.

Извор – Скандал.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1