Медицински тимови од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од центрите за јавно здравје во земјава на граничниот премин Деве Баир денеска а пречекаа првата група аџии што се вратија од Саудиска Арабија, јави Вест.
Д-р Џевџес Шаќири, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели дека досега пристигнале три автобуси со аџии и дека од разговорот со нив и направените лекарски контроли кај ниту еден не се најдени симптоми на некоја од заразните болести: колера, маларија, средноисточен синдром и ебола.
Тој објасни дека согласно мерките за заштита од заразни болести што ги донесе Министерството за здравство, аџиите кои организирано заминаа на аџилак во Саудиска Арабија, може во земјава да се вратат само преку граничниот премин Деве Баир и преку аеродромот Александар Велики. Преку Деве Баир треба да пристигнат вкупно 703 аџии, а со авион да се вратат 230, пренесува Вест.