Познатиот британски физичар, Стивен Хокинг, ја претставил новата теорија за црните дупки, за кои тврди дека се премин во друга вселена.
На конференцијата во Стокхолм, Хокинг рекол луѓето би можеле да побегнат низ црните дупки, наместо да “останат” во нив.
Тој смета дека вселенските патници, кои би се нашле во црна дупка, не би можеле да се вратат во својата вселена, но би можеле да преминат во некоја друга.
Според неговото мислење, црните дупки не се “црни” како што мислат луѓето
“Дупките мора да бидат големи, а доколку ротираат би можеле да бидат премин за во друга вселена. Но тогаш нема да можете да се вратите во својата. Иако ми се привлечни вселенските патувања, тоа не би сакал да го проверам”, рекол познатиот физичар.
Неговото мислење е одговор на проблемот кој мачи многу физичари, за тоа што се случува кога работите одат зад места од кои ниту светлината не може да се врати.
Информацијата за предметот мора да биде сочувана, сметаат научниците, дури и доколку е истиот проголтан, а тоа е парадокс кој со децении ги мачи научниците.
Хокинг смета дека таа информација стои на работ на хоризонтот, што значи дека таа никогаш не оди во црната дупка, па и никогаш не мора да се врати.
“Доколку паднете во црна дупка, не се откажувајте. Можеби постои излез”, рекол научникот на крајот на говорот.