Стивен Сегал: Србија е мојот нов дом!


Претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ денес се сретна со холивудскиот актер Стивен Сегал, кој се наоѓа во повеќедневна посета на Србија.

Вучиќ, како што се наведува во соопштението, му посакал добредојде на Сегал и рекол дека Владата, која ја предводи, ќе направи се за да помогне во развојот на филмската индустрија во Србија.b1512010690

“Развојот на филмската индустрија во Србија ќе допринесе не само за подобрување на економската ситуација, туку и за промоција на земјата”, рече Вучиќ.

Премиерот на Србија даде и целосна поддршка на идејата на Стивен Сегал за отворање на аикидо клуб во Белград, како и на неговиот ангажман за промоција на Србија.

Сегал истакна дека Законот за поттикнување на странските продукции ќе осигура големи финансиски средства во Србија, но исто така ќе привлече и голем број на туристи.

“Економијата во Србија полека расте за разлика од другите европски земји”, рече Сегал при состанокот и додаде дека ќе направи се за на најдобар начин да ја промовира “земјата која ја смета за свој нов дом”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1