Стјуардеса херој – Хрватка спасила 280 луѓе од запален авион


Младена Ковачевиќ, стјуардеса од Хрватска, била една 18 членови посада на авионот на Емиратите, кој во средата околу 13 часот присилно слетал на Меѓународниот аеродром во Дубаи и се запалил.hrvatka stujardesa

Таа заедно со остатокот од екипажот го активирала тобоганот за евакуација во вонредни околности и успешно евакуирала 282 патника. Емиратите објавиле дека ниту еден патник или член на екипажот не е повреден и сите се згрижени на време.

-Сите сме сигруни и неповредени. Успеавме да избегаме на време и да ги евакуираме сите од авионот, без жртви – објавила Младена Ковачевиќ на својот Фејсбук профил.

-Ви благодарам на силните пораки, ве сакам и идам да ја прославам новата шанса за живот која ја добив. Се чувствувам како повторно родена, ама буквално! Изгледа се уште не е време да одам – напишала Младена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1