Американската полиција е во потрага по стјуардесата која истрчала од аеродромот во Лос Анџелес, откако нејзините торби во кои имало 60 килограми кокаин ја поминале полициската контрола.
Во петокот вечерта се случувалча вистинска драма на аеродромот во Лос Анџелес, кога стјуардесата се појавила на летот, изјавиле извори од полицијата кои се запознаени со овој случај, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Стјуардите, стјурадесите и останатите членови на авионската посада обично не се подложуваат на проверки, но осомничените биле приведени на страна од офицерите на Транспортната управа за безбедност, по случајната проверка на скенер, наведува изворот.
Стјуардесата која се уште не е идентификувана, била видно нервозна и разговарала на телефон на јазик кој полицијаците не го разбирале.
Таа потоа била повлечена на страна за да биде повторно скенирана, и службените лица побарале да покаже лична идентификација. Ненадејно таа истрачала од скенерот и почнала да бега со торбите во рацете. Потоа ги соблекла чевлите од марката „Гучи“, го фрлила багажот и побегнала од терминалот.
Целиот инцидент го снимила сигурносната камера, додека дрогата која се наоѓала во торбата е сочувана како доказ. На случајот работи аеродромската полиција, полицијата на Лос Анџелес и одделението за наркотици.