Стоиљковиќ: не ја продадов душата, и не дозволив да сме на страната која му направила зло на овој народ


Иван Стоиљковиќ на фејсбук

Почитувани,
не поседувам ниту еден медиум, ниту пак имам слободен пристап до медиумите, па затоа ќе ги искористам друштвените мрежи да Ви соопштам дека утрово после гласањето се чуствувам мирно и спокојно, затоа што со моето гласање го искажав не само мојот однос туку и односот на поголемиот дел од припадниците на српскиот народ кон државата во која се родивме, школувавме, работиме и живееме.
Лично, се чуствувам достоинствено и гордо затоа не само што не ја продадов, и буквално, душата на ѓаволот, туку и што не дозволив, мене и мојот народ да не стават на страната на оние кои му направиле зло на народот со кој заедно живееме.
Припадниците на српскиот народ се чесни и достоинствени луѓе, би наивно и неодговорно да давам дополнителни совети за нивната сегашна и идна положба, бидејки политиката е вештината на можното. Да продолжиме со нашата работа. Да бидам поамбициозен од тоа нити можам, нити смеам да бидам. Но, сосема сум сигурен дека оние кои не се почитуваат самите, нема да ги почитуваат ни другите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1