По долго време барање работа, но и понуди за прениска плата , Ирена Зафирова решила да аплицира за кредит за самовработување од државата и да има свој бизнис.
Видела прилика во кројачки салон специјализиран за крзно и кожа кој веќе 20 години работел во центарот на Скопје.
Таа се договорила со поранешната сопственичка да го преземе бизнисот по нејзино пензионирање за што една година го учела занаетот и работела без плата.
Потоа аплицирала за кредит во проектот за самовработување и добила 5.000 евра и ги вложила во репроматеријали. Со бизнисот ги презела и муштериите.
Зафирова веќе една година работи успешно, има план да вработува луѓе и да отвори повеќе дуќани. За таа цел ги разгледува другите проекти на државата кои нудат финансиска поддршка за развој на бизнисот.
Ги охрабрува невработените кои имаа некаква идеја за самовраобтување да аплицираат на огласите бидејќи парите се позајмуваат под најповолни услови – година дена грејс период, а потоа се враќаат за две години со само 1% камата.
Според податоците на министерството за труд со проектот за самовработување од 2008-та досега се вработиле 4.257 лица, а 72% од бизнисите и денес функционираат. Новиот оглас за апликации преку Агенцијата за вработување е во тек.
Видео сторијата погледнете ја на – Сител