Стотина граѓани се собраа на протести против командант „Форина“


Вечерва стотина граѓани се одзваа на повикот на Фејсбук на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов по повод именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, јави порталот „А1 он“.

arm-protest-1Насобраните откако во 19 часот се собраа, се упатија во канцелариите на Достоинство, каде се одржа состанок, затворен за медиумите.
Ангелов за порталот не открил која е целта на состанокот, но повторил дека бранители не се согласуваат и нема да го премолчат именувањето на командантот на 116 бригада на УЧК за министер за одбрана.
Во текот на денот, кога повикот се појави на социјалните мрежи, Ангелов за медиумите изјави дека не стои зад повикот.

фото: „А1он“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1