Стотинатата малолетни протестанти се запрени пред стоковната куќа “Мост“ во непосредна близина на надвозникот. Малолетниците беа запрени од страна на специјалната единица на полицијата и не дозволуваат движење на толпата кон мостот Гоце Делчев.
Откако беа спречени во обидот да се пробијат, малолетниците избегнаа назад кон Мавровка, а специјалците останаа покрај нив.
Некои од нив по пат фрлаа камења и извикуваа пароли, но до посеризни инциденти не дојде.
Полицијата, која го следи движењето на демонстрантите уште од самиот почеток, не дозволува да ексалира ситуацијата.
Видео – СИТЕЛ