Обилните врнежи што ја зафатија Македонија предизвикаа излевање на реките во општина Куманово каде синоќа наврнаа 42 литри на метар квадратен.
Излеани се реките Липковска, Којнарска и Кумановка и поплавени се земјоделски површини, подрумски простории и домови, јавува Сител .
Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопшти дека поради излевање на Липковска река поплавен е дел од паркинг со возила и пешачки патеки кои служат за пристап до станбени објекти кај локалитетот Водовод. Поплавена е и фарма каде засега не може да се интервенира бидејќи сопственикот е недостапен. Липковска река е излеана и во населбата Средорек каде се поплавени две куќи.
Излеана е и Којнарска река при што се поплавени 15 куќи на улицата „Никола Тесла“ и земјоделски површини кај селото Долно Којнаре.
Жителите денеска изјавија дека им се поплавени долните катови од куќите, при што уништени им се покуќнината и подрумските просториии.