На интернет се појавија информации дека во Донбас, освен странски платеници, се појавиле и странски лекари со специјална опрема, кои вадат органи од убиените и дури, тешко ранетите борци.
Двајца загинати борци на Десен сектор, кои се пратени пред неколку дена, не стигнале до предвидената болница во Киев.
Еве една од тие информации:
„Според податоците од болниците каде што се хоспитализираат ранетите борци на украинската армија и Националната гарда, која се состои од платеници и екстремисти од националистичкиот Десен сектор, странски хирурзи прават дополнителни анализи, од кои нема потреба во текот на лечењето за такви повреди, а на „лечење“ праќаат многумина во Киев и Дњепропетровск, земајќи ја сета пропратна документација.
Лечењето е под знак наводници затоа што во телефонските разговори и помеѓу себе ги спомнуваат добрите органи на настраданите. Двајца загинати борци на Десен сектор, кои се пратени пред неколку дена, не стигнале до предвидената болница во Киев – тоа е последната информација за денес“.
Според истите информации, во текот на казнената операција на истокот на Украина, бројот на загинати борци во Киев се движи помеѓу 300 и 500 луѓе, а бројот на ранети е поголем од 700.
Се наведува дека не постојат прецизни инфорамции, затоа што се земени само загубите на војската, а не и Националната гарда.
Тоа, на лекарите-секачи им дава можност по косовски рецепт да започнат масовно земање и продавање на човечки органи.