Странските банки ги повлекуваат парите од Македонија


Странските банки влечат пари од Македонија. Во 2013-та надвор префрлиле вкупно 235 милиони долари или 2.3% од бруто домашниот производ на земјава, констатира најновиот извештај на Виенската иницијатива, меѓународно здружение на заемодавачи и регулатори, пренесува Алфа ТВ.
Овие бројки не се совпаѓаат со оние на Народната Банка според кои одливот на капитал бил само 49 милиони долари. Оттаму објаснуваат дека разликата е поради нецелосните податоци со кои располагало здружението.
banka„Нивната статистика ги опфаќа странските банки со кои вршиме репо трансакции, но не и нашите“ велат од НБРМ.
Виенската Иницијатива во која членуваат Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка има за цел да го спречи токму одлевањето на капитал и повлекувањето на меѓународните банки од Источна Европа.
Според нивните пресметки пари се извлекуваат речиси од целиот регион. Во 2013-та најголем минус имала Словенија – 8.5% од БДП, потоа Бугарија 2.9%, и Хрватска со 2.8%. Плус имале единствено Албанија 1.1% и Турција 1% од БДП.
Сепак, меѓународните експерти не сметаат дека ова претставува кочница за кредитирањето во овие држави.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1