Странци не може да се мешаат во „Монструм“


Да биде јасно, странските експерти може само да бидат набљудувачи без право да вршат претрес на предметот, да анализираат докази, а уште помалку имаат право да даваат сугестии како да се реши предметот, вели Осман Kадриу, универзитетски професор.

sudenjemonstrumПравната процедура во земјава е јасна, случајот „Монструм“ треба да се реши во рамките на нашиот правен систем. Барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети процесот да се врати на почеток под мониторинг на меѓународните правни експерти е политички маркетинг, децидни се правниците.

Ова дотолку повеќе ако се знае дека странските експерти може да бидат само набљудувачи на процесот, а никако да вршат претрес на доказниот материјал или уште повеќе да сугерираат како предметот да се реши, пишува Дневник.

smilkovsko ezeroАхмети по пресудата за „Монструм“ и протестите, на средби со амбасадорите на САД, ЕУ, но и на другите влијателни држави бара поддршка предметот да се врати на почеток и судењето да биде следено од меѓународни правници.

Професорот по уставно право Осман Kадриу е дециден дека правната процедура е јасна, односно дека за предметот „Монструм“ е надлежна нашата судска власт.

– За тој случај е донесена првостепена одлука и според најавите најверојатно одбраната ќе ја обжали одлуката, а можно е тоа да го стори и обвинителството. Да видиме како ќе тече случајот, но јасно е дека „Монструм“ треба да се решава во рамките на нашиот правен систем.

ubieni smiljkovsko ezeroОткако нашата одлука ќе стане правосилна, осудените може правдата да ја бараат пред европскиот суд за чoвекови права во Стразбур. Ова е правниот пат и само судот што го води претресот може релевантно да зборува – вели Kадриу за Дневник.

И поранешен уставен судија, кој сакаше да остане анонимен, вели дека барањето на Ахмети е одраз на лицемерството на ДУИ.

– Интегративците 10 години се дел од извршната, но и од судската власт и барањето меѓународни експерти да го следат судскиот процес е всушност недоверба во институциите во кои и тие активно партиципираат.

demiri i ismailovikj smilkovsko ubistvo

Нејасно е за каква поголема транспарентност на процесот инсистираат кога се знае дека судските процеси се јавни и транпсрентни – вели поранешниот судија.

И според Kадриу, надворешните правни експерти може само да го набљудуваат процесот.

– Да биде јасно. Странските правни експерти може само да ја следата судската расправа. Но, тие се само набљудувачи без право да вршат претрес на предметот, да анализираат докази, а уште помалку имаат право да даваат сугестии како предметот да се реши – вели Kадриу.

Dnevnik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1