Возачот на Вилијамс Мерцедес, Фелипе Маса, предизвика голем судир во финишот на трката за ГН Канада, удирајќи во болидот на Серхио Перез, со што обајцата останаа без бодови, иако беа на четврто и петто место.
– Фелипе е океј, но по проверките во медицинскиот центар, беше однесен во болница за натамошни проверки од предострожност, поради силниот удар,- се вели во соопштението на екипата Вилијамс.
Не е исклучено ФИА да го казни Фелипе Маса доколку нема доказ за техничка неисправност на неговиот болид, или поместување во движењето на болидот на Перез. Бразилскиот возач на својот Инстраграм профил постираше слика од болницата, со објаснување дека станува збор за рутински проверки.