Страотна сообраќајка кај Стража (ФОТО)


Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска во близина на превојот Стража. Според првичните информации, во несреќата се повредени две лица, кои се пренесени во болница, јавува телевизија Нова.

Од СВР Тетово за Курир информираат дека несреќата се случила околу 12:20 после мавровската крстосница.

Возачот на возилото од засега непознати причини изгубил контрола над истото, по што најверојатно прво удрил во карпа, па се превртел. Во несреќата повредени се три лица кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во болницата во Гостивар на укажување лекарска помош. Идентитетот на лицата и карактерот на повредите се уште не се познати.

Екипи од СВР Тетово и полициската станица во Гостивар се излезени на лице место и во тек е увидот, а повикана била и противпожарната служба.

13269293_10206681305211498_3854836087621355697_n-696x522

ѕид на сообраќајниот срам – фејсбук

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1