Две лица се загинати, четири се тешко и две полесно повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на патот Пула – Фажана, соопштиле од истарската полиција.
Причините за несреќата се уште се испитуваат, а истрагата која е во тек ја вршат полицијата и државниот обвинител.
Според неофицијални информации во хрватските медиуми во несреќата е вклучено само едно возило.
„Глас Истра“ пренесува дека до несреќата дошло откако возилото „цитроен“ во кој имало осум девојки се движел накај Пула, и од засега непознати причини преминал во спротивната лента и удрил во дрво.
Поради силниот удар, една од девојките излетала од автомобилот и починала на лице место, додека другата починала во автомобилот.
Повредените девојки се пренесени во Општата болница во Пула.