Страотна трагедија во семејниот дом: Братче славело роденден па случајно ја застрелало сестрата


Мојот внук во неделата го прослави 15-тиот роденден. Се веселевме, сите бевме многу среќни. Само ден подоцна во несреќен случај тој ја уби родената сестра Јелена. Очаен сум, незнам што не снајде.

Вака за српски Курир раскажува Миодраг Митиќ, дедо по мајка на Јована Ѓорѓевиќ (19) од Сврљиг која вчера случајно со ловечки карабин од таткото ја усмрти помладиот брат Н.Ѓ., ученик во прва година Средно машинско-техничко училиште. Детето ја застрелало сестрата околу 13.30 часот во семејниот дом.svrljig-jovana-dordevic-ubistvo-1486424568-1099353-102959

Се слушнал вресок

Според првичните сознанија, детето сакало да си поигра со татковиот карабин и да и покаже на сестра си како се пука, но таа наеднаш испукала. Куршумот го погодил девојчето во глава, а преплашеното дете побегна во соседната просторија.

-Слушнав кога вреснаа децата, мислев дека некое од нив се повредило, но не можев да претпоставам какво зло не снајде. Истрчав од дома, мојата ќерка и зетот Јована ја ставија во автомобил и тргнаа кон Здравствениот дом во Сврљиг. Кога влегов во куќата, видов во ходникот локва крв, вели дедото Миосраг.

Тој објаснува дека таткото на Јована кобниот ден бил на лов.

-Знам дека оружјето му стои во витрина и не е достапно за децата. Можно е да не стигнал да го собере, па внукот ја зел пушката во која имало куршум. Детето е во шок. Тој си играл со Јована и со 14-годишната сестра како и со децата од стрикото кога тоа се случило, раскажува очајниот дедо и додава:

-Не можеше да ми објасни како настрадала Јована, но се уште не знае дека е мртва. Постојано ме прашуваше: „Кажи ми како е сестра ми? Не можев да му кажам дека почина, но не му давав ниту лажна надеж.

Не пукал намерно

Тој ја исклучува можноста за предумисла.

-Децата прекрасно се сложуваа, таа минатата година заврши Медицинско училиште, учеше норвешки јазик и планираше да оди во таа земја, раскажува Миодраг.

И немало спас, погодена во слепоочницата

Нишката итна помош тешко ранетата девојка ја префрлила во Ургентниот центар во Ниш. Очајните родители чекале пред влезот во Ургентната амбуланта со надеж дека ќерката ќе биде спасен. Но и покрај трудот од лекарите, таа им подлегнала на повредите, зошто била погодена меѓу слепоочницата и увото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1