Ме тепаше со шипка и мотика, ме бодеше со ножици, ме гореше со цигара, сечеше со жилет.. Срам ми е да кажам што сè ми правеше. Вака за српски „Блиц“ го опишува пеколот од кој побегна Марија Феризовиќ (21) која сопругот Ахмет Маринковиќ (40) три дена за држел заклучена во куќа во Калуѓерица и ѕверски ја злоставувал се додека не успеала да повика полиција.
-Искрено, се чувствувам слабо, понижено, скршено. Не знам на кој начин би ја опишала моменталната состојба. Сè се одигра ноќта меѓу саботата и неделата. Дури во вторникот успеав да побегнам од него, ми помогна полицијата. Не бев во состојба да излезам од станот поради повредите кои ми ги нанесе и бев заклучена во куќата. Телефоните ми беа одземени, батериите извадени, вели Марија.
За хоророт низ кој поминала говорат нејзините страшни повреди на телото, како и фактот дека ја жигосал на челото, а за жигот да биде што повидлив претходно ја ишишал ќелава.
-Не знам што му беше во главата. Слушнав некои приказни за неверство и поради тоа го направил ова, вели Марија.
За нејзиното неверство во Калуѓерица, никој никогаш ништо не слушнал, но во истовреме за неговото сите зборуваат. Како што велат соседите, со извесна жена блиска до Марија, се гледале редовно во доцните ноќни часови.
За време на бруталното злоставување во куќата биле и нивните три мали деца.
-Најлошо е тоа што во куќата цело време беа и децата. Постарата ќерка (3) спиеше, а помалиот син (2) беше буден. Го тргнав во соба да гледа телевизија. Полицијата ми помогна да ги извадам , бидејќи кога ги повикав тој не беше дома. Веднаш ме однесоа во Домот за здравје. Тука случајно го сретнавме него како одел да ми купи лекови и веднаш го уапсија. Децата беа шокирани кога ме видоа во која состојба сум, но успеав да им објаснам дека паднав, не можев да најдам друг изговор, раскажува Марија.
Насилството таа го трпела и претходно.
-Прв пат ме удри кога една година бевме во врска, тогаш беа модринки. Две години подоцна може сами да видите што ми направи. Никогаш не ме тепал толку, вели таа.
На прашањето зошто порано не го пријавила, Марија рекла дека се надевал дека ќе се смени и дека сакала нејзините деца да пораснат со татко и да имаат некој нормален живот.