Страшна несреќа: 10 годишно дете се задушило во буре – играјќи криенка


Викендов страшна несреќа ги потресе жителите на српското место Невесињ. Десетгодишно дете починало откако се загушило во пластично буре, пренесува Вечерње новости.

Детето заедно со врсниците играло криенка пред дворот на сопствената куќа. За да се сокрие од другарите, тоа влегло во едно буре оставено во дворот на куќата и се затворило одвантре.

dete-bure500

По кратко време останало без воздух, па неможејќи да излезе се задушило и починало.  Другарите долго време го барале но на крајот се откажале, помислувајќи дека 10 годишникот си заминал дома без да им каже.

Откако тој не се вратил дома, неговите родители во шок го пребарале целото место. На крајот го нашле во бурето. Се обиделе да го реанимираат но без успех, детенцето веќе било мртво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1