Стрaшна прогноза: Наскоро луѓето ќе умираат од банални болести


Поради прекумерната употреба на антибиотици, бактериите создаваат отпорен механизам кон лековите што би можело да доведе до целосна неефикаснот на антибиотиците за дваесет години, предупредуваат научниците.

lekovi-foto-D-JEVREMOVICHНекои видови бактерии веќе лачат хемикалии кои го уништуваат антибиотикот, некои видови едноставно го „туркаат“ антибиотикот од клетката на организмот, додека трети видови на бактерии се вгнездуваат во одредени делови на организамот кои антибиотиците не ги опфаќаат.

Особено се опасни стафилококите кои предизвикуваат инфекција на кожата, дишните патишта и во повеќето случаи се одговорни за случаите со затруена храна. Тие се екстремно отпорни на антибиотици и на нив многу често воопшто не ни делуваат.

Антибиотиците ги има насекаде, па дури и во исхраната, поточно во месото, јајцата и млекото.

Алтернативната медицина укажува дека решението би можело да се крие во употребата на сребро и природни антибиотици од билки. Но, за официјалната медицина, само две методи имаат ветувачка ефикасност.

Серумската терапија од антитела е развиена во 1925, а за нејзиното откритие Емил фон Беринг добил Нобелова награда. Терапијата со вируси кои ги напаѓаат бактериите ја развија научници од источна Европа и досега има постигнато добри резултати.

Овие две техники се скоро подзаборавени откако е започната масовната употреба на антибиотици, но денес многу доктори ги сметаат за моментално решение, односно сè додека не се создаде нова генерација антибиотици.

Kajgana.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1