Страшна сообраќајка кај Стајковци, синот загина на местото, сестрата и мајката повредени


На автопатoт, кај клучка Стајковци, вчера во 14:15 часот патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид.

Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото на настанот. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила Х.А. (49) од Скопје.

По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека 14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. За време на увидот од 14:50 до 18 часот сообраќајот бил пренасочуван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1