Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21 часот, на булевaрот „Октомвриска револуција“ во Куманово во која учествуваа три возила „пасат“ „шкода“ и „сеат“.
Според првичните податоци има повредени и пешаци. Со две возила итната помош ги префрлаше повредените во кумановската болница. Од одделението за хирургија информираат дека едно лице е префрлено на клиниките во Скопје, пренесува МИА.
СВР Куманово врши увид и оттаму најавија дополнителни информации во текот на утрешниот ден.