Страотна сообраќајна незгода се случила во раните утрински часови на улицата Кузман Јосифоски – Питу во Прилеп, јавува markukule.mk
Ауди со битолски регистарски таблици, неофицијално управувано од лице без возачка дозвола, со голема брзина уништило 5 возила.
Возилото најпрвин удрило во возило Шаран и комби во движење, а потоа завршило во уште три други паркирани возила, при што причинета е голема материјална штета.
Во автомобилот имало 5 лица, од кои две лица, неофицијално, завршиле со полесни повреди.
Полицијата работи на откривање на точните причини за настанување на несреќата.