Дваесет и четири годишна девојка од Урошевац загина синоќа околу 20 часот од струен удар, додека се туширала во една куќа во центарот на Улцињ.
На лице место веднаш дошла екипа на брза помош, меѓутоа и покрај напорите на лекарите, на несреќната девојка и немало спас.
Таа во Улцињ дошла на летување, а полицијата ги испитува околностите за смртта. Според неофицијалните информации, причина за трагедијата е неисправната електроинсталација во куќата во која таа престојувала.