Страв од рак: Анџелина Џоли ги отстранила јајниците и јајцеводите


Холивудската актерка Анџелина Џоли (39) вчера соопшти  дека минатата недела се подложила на операција за отстранување на јајчниците и јајцеводите, и тоа по две години откако се пдоложи на двојна мастектомија и ги острани двете дојки.

Убавата актерка се одлучила на ваков чекор бидејќи е носител на генот „BRCA1“ кој екстремно ја зголемува шансата од добивање на рак на дојките и јајниците.Hollywood Actress Angelina Jolie Attends A Foreign Office Briefing On Preventing Sexual Violence In Conflict

Џоли напишала текст за „Њујорк тајмс“ во кој објаснила зошто се одлучила на овој потег. Имено мајката, бабата и тетката на актерката починале токму од ваков тип на карцином. Таа тврди дека долго време размислувала за овој чекор, но еден повик од нејзиниот доктор ја натерал дефинитивно да се одлучи за операцијата. Наводно докторот и рекол дека има некои помали аномалии на јајчниците кои се поврзуваат со канцерот, и ја посоветувал да позборува со хирург.

– Минав низ она за што претпоставувам дека го минуваат илјадници други жени. Си реков на себе дека ќе останам силна и смирена , и дека нема причини да мислам дека нема да  дочекам да видам како моите деца растат и да ги запознаам своите внучиња – пишува Џоли во „Њујорк тајмс“.

Нејзиниот сопруг, актерот Бред Пит се наоѓал во Франција каде што неговата сопруга му упатила загрижен повик. Тој веднаш се вратил во Лос Анџелес за да биде покрај неа.

– На мое олеснување, се уште имав опција да ги отстранам јајниците и јајцеводите и тоа го направив – пишува актерката.

Таа минатата недела отишла на операција , а хирургот открил дека на едниот јајчник навистина имала мал тумор, но со анализите е утврдено дека е бениген. Сепак, таа одлучила да не ја отстранува матката, бидејќи никој во нејзиното семејство немал рак на матката.

По оваа операција актерката нема да може веќе да раѓа, и сега официјално е во менопауза.

– Без оглед на хормоните кои сега ги пијам, сега сум во менопауза. Нема да може повеќе да раѓам и очекувам некои физички промени. Но, помирена сум со она што доаѓа, не затоа што сум силна, туку затоа што сето тоа е дел од животот – заклучува актерката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1