Две ракети се испалени утрово на руски патнички авион со 200 патници, додека летал над сириска територија, а причината за нападот, во која никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден, се уште не е позната, неофицијално дознаваат руските медиуми.
Рускиот патнички авион на компанијата Nord Wind Airlines, кој според податоците на „Интерфакс“ бил мета на оган над територијата на Сирија, успешно слетал во Казањ. Ова го пренесува РИА „Новости“.
„Според информацијата на Росавијација, на 29 април екипажот на авионот А-320 од компанијата Nord Wind Airlines, кој летал од Шарм ел Шеик во Казањ, летајќи над територијата на Сирија забележал оган, кој, според екипажот, претставувал опасност за безбедноста на авионот.“, се кажува на интернет-страницата на Министерството за транспорт.
Претходно е соопштено дека две ракети се лансирани од територијата на Сирија експлодирале недалеку од авионот, во кој имало 200 патници.