Стрелана поранешната љубовница на севернокорејскиот лидер


Јужнокорејски медиуми објавија дека поранешната љубовница на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е стрелана на 20 август со уште 11 познати уметници од таа држава.

koreja ljubovnicaВесникот Чосун Илбо од Сеул повикувајќи се на извори во Кина, пренесе дека пејачката Хјон Сонг Вол на 17 август била уапсена со уште 11 уметници заради кршење на севернокорејските закони за забрана на порнографија.

Нивната егзекуција следела три дена подоцна.

Биле обвинети дека меѓусебно се снимале за време на сексуален однос, а снимките подоцна ги продавале.

Хјон беше пејачка во оркестарот Почонбо електроник, познат по револуционерни и пропагандни песни.

Меѓу оние кои биле наводно убиени, се пејачи и танчари од оркестарот Унхасу и музичкиот бенд Вангџаесан лајт. Сопругата на севернокорејскиот лидер, Ри Сол Џу беше членка на Унхасу пред да се омажи за него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1