Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи премиерот Христијан Мицкоски.
Пратениците вчера го изгласаа дополнувањето на Законот за енергетика, како и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената не електричната енергија.
„ Кога го поднесував дополнуавњето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација дека и двата услови се исполнети. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган, рече Мицкоски.
Мицкоски не очекува да има зголемување за првата и втората категорија или тоа би било минимално, односно под 1 отсто или вкупното зголемвуање да биде двојно помало од инфлацијата, односно да се движи од 0 до 1 отсто.