Струга и кичево: Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, советниците од СДСМ


СДСМ е подготвен да ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево, но бараат партијата на Никола Груевски да ги поддржи нивните советнички листи во овие општини, кои всушност би биле заеднички. Ова е одговорот на шефот на Изборниот штаб на СДСМ Игор Ивановски, на прашањето дали е возможно во овие општини двете партии да излезат со заеднички кандидат за градоначалник, со што ќе се зголемат шансите тоа да биде Македонец. 

sdsm i dpmne„Подготвени сме и во Струга и во Кичево да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, но во исто време, бараме и тие да ја поддржат нашата советничка листа и таа листа, всушност, да биде заедничка, на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Така и нашите и нивните членови и поддржувачи да гласаат за пакетот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и заедничка листа на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ивановски.

ВМРО-ДПМНЕ е отворена за соработка со СДСМ околу нејзиниот предлог за заеднички кандидати во општините Струга и Кичево. Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека не само Кичево и Струга, туку и Долнени и Брвеница се посебен предизвик за двете најголеми политички партии.

– Отворени сме за соработка со СДСМ во сите овие четири општини, Струга, Кичево, Долнени и Брвеница. Се надеваме дека таа соработка ќе биде врз база на заеднички утврдени принципи и програмски пристап во овие општини, рече Димовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1