Струмичанец затаил данок за заработени 20.000 евра на Фејсбук


Струмичанец заработи кривична пријава за затајување на данок за пари заработени преку продажба на услуги на „Фејсбук“, каде заработил преку 20 илјади евра.

Како што соопштија од МВР Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. (25) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување’’.

Во текот на 2015 година пријавениот со продажба на услуги преку социјалната мрежа „Фејсбук” остварил приход од 1.260.511 денари, којшто го примил преку брз трансфер на пари, но за таа сума не платил данок во висина од 126.051 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1