47-годишна жена од Струмица преживеала пекол. Се работи за С.Т. која во текот на вчерашниот ден пријавила дека околу 01 часот во стан на улицата „Мајка Тереза“, по претходна расправија со 42-годишниот В.В. тој физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по телото, нанесувајќи и повеќе повреди.
Жената била пренесена во Медицинскиот центар во Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите била препратена на Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.