Охриѓанец починал откако пријателот му дал малку од неговата метадонска терапија.
Според информациите од охридската полиција, 35-годишниот П.И. од Струга, кој е лекуван наркозависник и корисник на метадонска терапија му дал на својот пријател 25-годишниот О.Б. од Охрид, кој починал откако примил метадон.
Настанот се случил во домот на сега починатиот кој побарал метадон. П.И. на починатиот му дал 4 милиграми метадон. Тој од пластичен шприц извлекол метадон по што О.Б. излегол од собата и го инјектирал метадонот.
По извесно време кај О.Б. дошло до влошување на здравствената состојба по што истиот починал. Кај него не се забележани траги на насилство.