Стружанец бил повреден од залутан куршум додека бил на турнир во фудбал во село Подгорци.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 46-годишниот В.С. од струшкото село Боровец вчеравечер со прострелна рана во пределот на грбот бил примен во струшката болница.
Полицијата соопшти дека тој бил повреден од заскитан проектил од огненео оружје додека играл фудбал на турнирот во село Подгорци.
Откако му била укажана медицинска помош, тој е пуштен на домашна нега, а полицијата работи на откривање на личноста која пукала.