Променливо и релативно студено време се очекува овој понеделник. Во текот на денот ќе има умерена облачност со подолги сончеви периоди. Врнежи не се очекуваат. Повторно ќе дува северен и североисточен ветер, но истиот ќе биде слаб, јавува Метеопро.
Утрото ќе биде слично на она од денот претходно. Минималната вредност на температурата на воздухот останува во позитива и ќе има вредност околу 2°С. Минималната температура на повисоките места ќе се „спушти“ за околу 3°С под нулата.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 10°С, а во југоисточниот регион околу 14°С.