Студеното време продолжува, утре наутро -22 степени


Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утре наутро ќе се спушти до минус 22 степени.sneg-vrne

Според УХМР во Берово и Маврово ќе биде најстудено со минус 22, Демирк Капија минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11.

Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија.

Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет четврток и минус 12 до минус 4 во петок.

Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег. Темепратурата ќе се движи од минус 13 до минус шест степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1