Студент направи косум кој дава шесто сетило


Виктор Матевитси, студент по компјутерски науки на Универзитетот во Илиноис, направи костум наречен „SpiderSense“, кој на личноста која го носи му овозможува да ја почувстува одалеченоста на објектите во околината.Костумот е толку осетлив што корисниците можат да се движат низ просторот со затворени очи, без никаков проблем.

spiderman„SpiderSense“ се сочинува од мали роботизирани раце кои се сместени во модули со микрофони кои се прикачени на телото на личноста. Микрофоните испраќаат и примаат ултрасонични бранови кој се одбиваат од околните предмети.

„Кога некој ќе тргне да го удри Спајдермен, тој тоа може да го почувствува, а со самото тоа и да го избегне ударот. Овој костум функционира на истиот начин“, изјави Матевитси.

Тој исто така верува дека овој костум, би бил идеален за оние кои возат велосипед, бидејќи благодарение на него ќе можат да го зголемат своето внимание во сообраќајот.

Матевитси и неговите колеги исто така сакаат да го испробаат овој изум и на луѓето кои имаат проблем со видот, или се слепи, со надеж дека ќе им помогнат послесно да се движат низ просторот.

Хајд Парк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1