За 23 годишниот Хумберто Моура натпреварот во пиење заврши трагично.
Тој починал откако испил 25 чаши вотка за помалку од 60 секунди.
На својот профил на Фејсбук напиша статус во кој го цитира Рускиот поет Владимир Маијаковски во кој вели „Подобро е да умреш од вотка отколку од досада“.
Медицинскиот персонал ги однел Моура и уште неколку студенти во болница, но тој починал во амбулантното возило. Докторите подоцна дале изјава дека тој починал од труење со алкохол.
Уште три лица се задржани на интензивна нега.