Студенти во Германија прават гозба од храна што се фрла


gozba studenti frlena hrana

Една група на студенти од германскиот град Регензбург се згрозила од фактот колку количество на храна се фрла, од онаа која што не се успева да се изеде. Истите пресметале дека за една недела, од фрлената храна може да се направи гозба за 60 лица. Токму тоа и го направиле.

Сега настанот „Кујна за сите“ редовно се одржува во овој град. На заедничката вечера која се одржува во недела, сите се поканети.
Секоја година во Германија се фрла околу 11 милиони тони храна. Многу продавници по затворањето во петокот, фрлаат огромно количество на храна, затоа што во понеделникот веќе стигнува нова испорака.

331751_dw-04_fКаролин, Ања и Северин не се помириле со фрлањето на храната и се одлучиле да покренат иницијатива за пректот „Куја за сите“.
Тие секоја сабота ја собираат храната која што повеќе не се купува, а продавачите им ја даваат како донација. Следниот ден во културниот центар во Регензбург, прават вистинска гозба со предјадење, главно јадење и десерт со кои можат да нахранат 60 луѓе. Секој е добредојден додека има со што да се послужи. Важно е ништо да не се фрли.

Блиц – DW

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1