Судбина: И умреле Мажот, синот и ќерката – сите во еден ден во одделни несреќи


Кога нивната ќерка дошла да ги посети, никој неможел ни да замисли каков вид на трагедија ќе се случи до крајот на денот.  79 годишната Хилари Денис доживеала неверојатна семејна трагедија, губејќи го мажот, синот и ќерката за помалку од 24 часа. Сите починале од здраствени проблеми во еден ден. 

news_109537Кога тој ден ќерката Карил пристигнала кај своите родители, била среќна и никој не насетил каква трагедија ќе се случи. Имала проблем со жолчката и се пожалила дека не и е добро.

Кога итната помош дошла по нејзе таа била малку подобро, се шалела и била добро расположена. Но утрото родителите добиле телефонски повик од болницата – ги известиле дека Карил починала.

Мајката скршена од болка веднаш го повикала синот Нејџел за да го извести за ужасната вест. Синот бил во својот дом. Ѕвонела долго, но никој не одговорал. Мајката вели веднаш знаела дека нешто не е во ред.

„Знаев дека нешто се случило. Тоа беше еден од мајчините инстикти“, вели Хилари.

Заминале во неговиот дом. Најџел бил пронајден како лежи мртов на подот со телефонската слушалка во раката. Умрел од излив на крв во мозокот и се претпоставува дека се обидел да повика помош пред да падне. откако ги загубила двете деца во еден ден мајката била во тотален шок, а таткото скршен од болка.
Нејзиниот сопруг Карл не бил во можност да ја издржи ненадејната загуба на двете деца по што добил срцев удар. Починал пред да пристигне брзата помош.

По 60 години брак Хилари останала сама.
„Не знам како ќе го преживеам ова. Го изгубив целото мое семејство за само еден ден,, изјавил таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1