Судбина на Македонецот: Годишно една и пол плата за камата


Македонските граѓани лани во просек платиле по една и пол просечна плата за отплата на каматите за земените кредити од банките. Ова го покажува анализата на податоците на Народната банка на Македонија, според кои деловните банки лани наплатиле вкупно 408 милиони евра за камати и провизии од граѓаните.

pig-bank-robbery-of-america550Од нив, дури 327 милиони евра биле за камати и 81,5 милион евра за провизии. Ако се земе предвид дека дури 240 милиони евра била сумата што ја платиле домаќинствата и физичките лица за камати, излегува дека во просек секој од околу 460.000 вработени во земјава, кои се и кредитоспособни, лани оставил вкупно 521 евро за камата и по околу 40 евра за провизии, односно вкупно 34.000 денари.

Според податоците на Народната банка за работата на комерцијалните банки, граѓаните и компаниите во 2012 година платиле 406 милиони евра за камати и за провизии или 17 милиони евра повеќе отколку во 2011, односно дури за 21 милион евра повеќе одтколку во 2010 година.

Податоците покажуваат дека последните години, освен профитите на банките, расте и наплатената сума за камати за провизиите. Споредено, на пример, со 2008 година, лани износот што го наплатиле банките за камати е зголемен за 59 милиони евра. Приходот од провизиите пораснал за 18 милиони евра споредено со 2009 година.

Граѓаните коментираат дека не сакат ниту да пресметаат колку пари месечно им одат за камати, но повеќе се револтирани за високите провизии што ги наплатуваат банките.

– Требаше да извршам уплата за храна во училиште за син ми и се запрепастив кога службеникот благо ме предупреди дека провизијата им е 40 денари, бидејќи уплатата е кон друга банка. Не е нормално над половина евро да се плаќа за една обична банкарска услуга, односно уплата. А потрагично е што не можеш никако да ја избегнеш. Бидејќи сега секое плаќање мора да биде на уплатница. Ако пресметам, ќе излезе дека најмалку 5 евра месечно едно семејство го чинат само банкарските провизии – вели скопјанецот Александар.

Dnevnik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1