Мало девојче, кое ги изгубило рацете, нозете и дел од носот поради менингитис Б, повторно се смее откако доби специјална кукла како него.
По повод претстојниот трет роденден, Хермони-Роуз Ајви Ален како подарок од родителите доби кукла со протетички раце и нозе.
„Мамо, таа е иста како мене“ – со радост ѝ рекла на мајка си Хермиони по добивањето на подарокот. Бидејќи Хермони никогаш немала видено друго лице со четири ампутирани екстремитети, куклата ѝ била еден вид доказ дека таа не е сама и дека има и други лица како неа.
Хермони-Роуз Ајви Ален имала само 11 месеци кога нејзините родители ја одвеле во болница поради менингитис. Таа веднаш била поставена на апарати, а нејзиниот случај бил еден од најлошите кои докторите во болницата некогаш ги виделе. Иако му дале само 10% шанси за преживување, храброто девојче немало намера да се откаже од животот.
Хермиони поминала низ ампутација на четирите екстремитети само 10 дена по правењето на првите чекори и бројни денови во болница, но продолжила да се бори. И успеала да ја победи болеста. Во ноември минатата година, Ајви ги добила своите први протетички екстремитети и е на добар пат да ги направи првите самостојни чекори со нив.