Судење на монструмот кој ја силуваше и уби Анѓелина (3): Мајката не простува- „Сакав да го плукнам во лице“


Во Вишиот суд на Заечар одржано е подготвително судење на Владица Рајковиќ(28) од заечарското село Вратарница, кого обвинителството го товари за три кривични дела и тоа тешко убиство и силување на Анѓелина (3) и за убиство на Драгана Станковиќ (47).monstrum-640x361

Осомничениот пред судот го признал убиството на Драгана Станковиќ, но изјавил дека ниту ја силувал, ниту ја убил тригодишната Анѓелина.

Го смени исказот, бидејќи првично сите обвинувања врзани за Анѓелина ги призна. Сега изјави дека тоа не го направил, а дека тогаш признал бидејќи полицајците го тепале. Сепак обдукцискиот наод, биолошките анализи, како и сите други анализи говорат дека е виновен по сите точки на обвинувањата.monstrum.jpg1_

Ќе бараме најстрога казна, а тоа се 40 години затвор. Несомнено е дека е виновен. Во судницата беше смирен, ладен, како ништо да не направил, а ги видов фотографиите од унакажаното тело на девојчето, рекла Маја Атанасковиќ, адвокат на семејството на убиеното девојче.monstrum.jpg2_

Целото тело на мајката Даниела Стефановиќ се тресело додека влегувала во судницата. Би сакала, рекла, да не мора повторно да го погледнам убиецот на мојата ќеркичка.

-Ја сонувам често. Играме во дворот, сонувам дека ја облекувам, шетам, дека спие со мене во кревет. Тогаш се будам, гледам дека ја нема и плачам, плачам…Посакувам да има смртна казна и овој монструм да го убијат, рекла неутешната мајка, на која и се слошило кога го видела Владица.monstrum.jpg3_

-Тргнав кон него, не размислувајќи. Сакав да му плуканам во лице, толку ми се згади. Но некој ме фати под рака и ме запре. После видов дека тоа е полицаецот, рекла Даниела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1