Управниот суд ќе решава дали во Кичево ќе има втор круг. Откако приговорите кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за текот на гласањето во Зајас и Осломеј беа отфрлени, бидејќи членовите на СДСМ гласаа воздржано, судбината за Кичево ќе ја решава Управниот суд.
Виси и победата на Заев во Струмица, каде што во недела ќе се прегласува на три избирачки места. Доколку резултатите го спуштат цензусот на Заев под 50%, на 21 април, во Струмица ќе има втор изборен круг. На оваа одлука, СДСМ поднесе тужба до Управниот суд, бидејќи прифатените приговори за нив биле неосновани.