Судот не може да постапува за „Трезор“ – не можеле да го отворат УСБ-то Катица го дала со шифра


Специјалното обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) крие докази од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, па заради тоа трите предлога кои во текот на средата од страна на СЈО беа доставени до судот, следниот ден од страна на судиите на претходна постапка, кај кои беа распоредени, се вратени во обвинителството, соопштија во четврток од Основниот суд Скопје 1.sud-1-1

Како што појаснија од судот, СЈО до судот поднесло три предлога за определување мерки за претпазливост за четири лица, а доказите заедно со само еден писмен акт – документ, кои согласно законот треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија (УСБ) кое судиите на претходна постапка, кои согласно законот, веднаш по добивање на предлозите започнаа со постапување, не можеа да го отворат, бидејќи меморискиот стик е кодиран.

„Со оглед на новонастанатата ситуација, службено лице кое во судот ги заведува предметите го извести СЈО дека не може да се пристапи до наведеното УСБ, бидејќи истото е кодирано на што е добиен усмен одговор од обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив.

Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка“, се вели во соопштението од судот.

Појаснуваат дека согласно Законот за кривична постапка во секој предлог на странките истите се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма, врз основа на кои судот би можел да постапува и одлучува.

„Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд. Дали на ваков начин обвинителството се обидува да ги заштите лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолговлекувањето на постапката, се обидува да ја префрли на судот, е нешто што треба да го одговори обвинителството“, велат од Судот.

Во четврток, СЈО, најави дека работи на нова истрага под кодно име „Трезор“, во која се сомничат раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и од Министерството за внатрешни работи дека при набавка на опрема за комуникации го оштетиле Буџетот на Македонија за повеќе од 800.000 евра.

Најавија дека од судот ќе бараат да се изречат мерки за обезбедување присуство на осомничените и замрзнување на нивниот имот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1