Скопскиот Кривичен Суд го задолжи Љубе Бошковски да му ги покрие судските трошоци на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас за стопирана постапка за клевета.
Бошковски го тужел Латас за клевета во кривичниот суд но не ја продолжил постапката во граѓанскиот Скопје 2 во дадениот рок од 30 дена. Поради ова, тужениот се здобил со правото на надомест на трошоците кои ги имал во постапката пред Кривичниот суд, пишува Прес 24.
Судијата на новинарот му досудила вклупно 10. 400 денари.
Голем број тужители кои во кривична постапка бараа одговорност за клевета, не ги продолжија постапките во граѓанскиот суд по декриминализацијата на ова дело. Сите тужени се здобија со правото на надомест на судските трошоци но непознато е колкумина побараа остварување на тоа право.
Прес24