Судот одлучи: Виза ќе му плаќа ,,солена,, отштета на Викиликс за блокираните сметки


Исландскиот Врховен суд донесе пресуда дека Валитор (поренешна Виза Исланд) мора да му исплати на Викиликс 204.900 долари месечно или 2.494.606 годишно доколку продолжи со блокадата на сметката на организацијата.

asanz

„Оваа одлука претставува најважната победа до денес над незаконските и произволни економски блокади, кои ги воведоа американските компании против Викиликс“, соопшти организацијата.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж му се заблагодари на исландскиот народ „затоа што покажал дека нема да дозволи малтретирање од страна на моќните финансиски сервиси поддржани од страна на Вашингтон“.

„Во оваа прилика ги предупредуваме и другите компании кои се вклучени во блокадата, вие сте следни“, порача Асанж од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Слична правна битка моментално се води и против данскиот претставник на компанијата Виза, која е еквивалент на Валитор. Со блокадата се укинати повеќе од 95% од донациите на поддржувачите на Викиликс, што ја чинеше организацијата повеќе од 20 милиони долари.Исландскиот врховен суд е највисоката судска инстанца на Исланд и оваа нивна одлука не остава простор за жалба на Валитор.

Сајтот исто така поднесе формална жалба до Европската комисија сметајќи дека Виза и Мастеркард незаконски ја злоупотребиле доминантната позиција на пазарот.

Финансиската блокада на Викиликс уследи откако сајтот објави околу 250.000 тајни депеши на Стејт Департментот во декември 2010 година

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1