Судот одлучи: Заев е обвинет – ќе му се суди за поткуп од 200.000 еврa


На Зоран Заев ќе му се суди за поткуп од 200.000 евра. Кривичниот суд преку соопштение објавено на својот веб сајт информираше дека Обвинителниот акт на Обвинителството за организиран криминал и корупција против лидерот на СДСМ е потврден од трана на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје  кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт, објави Пресс 24.zaev sudenje 2

„Обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција е потврден од страна на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје  кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт КО.бр.66/15 против осомниченото лице З.З. од Струмица за кривичното дело „Примање поткуп“ од чл.357 ст.5 в.в со чл.357  ст.1 и 2 од КЗ.

По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани.

Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција, кој треба да го насрочи предметот за што јавноста ќе биде дополнително информирана.“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1